Утрински Весник
Македонија

Коцевски очекува кривична пријава за еколошки прекршок за компанијата „Благој Ѓорев”

Градоначалникот Коцевски со апел до управителите на згради и куќни совети за зголемена хигиена

Велес, 19 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот Аце Коцевски денеска на прес-конференција одговори на обвинувањата од Горан Лазов, директор на фабриката „Благој Ѓорев“ кој по излевањето на мазут го обвинува ЈКП „Дервен“ за нестручно миење на улицата.

Тој  изјави дека со задоволство ја прифаќа поканата на Лазов за ТВ дуел и оти очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава за еколошкиот прекршок од трета категорија, како највисок прекршок што може да биде направен од некој загадувач.

– За тоа следува голема казна, но да не преувеличуваме нека си ја вршат надлежните државни органи нивната работа, смета Коцевски.

Тој ја извести јавноста дека во текот на вчерашниот ден почитувајќи го принципот за презумпција на невиност се обратил до Јавното обвинителство, не со кривична пријава, туку со информација во која хронолошки се наведени сите сознанија проследени со соодветни докази за загадувањето.

Коцевски  информираше дека обвинувањата од менаџерскиот тим на маслодајна за неажурност на општината во постапката за издавање на одобрение за градење се неточни. „

– На барањето на прехранбената индустрија АД „Благој Ѓорев“, архитектонско-урбанистичкиот проект е одобрен на 25.10.2019 година, а идејниот проект е одобрен на 11.12.2019 година,појасни Коцевски.

Воедно, додаде тој, досега АД „Благој Ѓорев“ нема доставено основен проект за да добијат одобрение за доградба и надградба на објект за да може да ја инсталираат опремата (разладна кула) во рафинеријата за масла.

– Тие самите се виновни за погрешниот редослед на нивните постапки, најпрво треба да добијат одобрение, а потоа да набавуваат скапа опрема, нагласи Коцевски. ад/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МОН распиша конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик

До крај на месец ќе се знаат повеќето кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, Mицкоски најави историска победа

Мицкоски во посета на Општина Карбинци