Утрински Весник
Македонија

Костовски: Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозел идентитетот и јазикот

„Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослабне државните позиции во односите со Бугарија. Мицкоски лично присуствуваше на Конгрес на Европската народна партија каде премолчено се согласи на Резолуција која ги промовираше бугарските позиции. Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозел идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал, а државата ќе се бугаризирала“ рече меѓудругото на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Марин Костовски.

Тој вели дека „со таквото срамно однесување, Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси“.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија, се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во македонското собрание. За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било“ вели пратеникот од владејачката партија.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА Медитерански циклон ни носи нови дождови