Утрински Весник
Политички Партии

Костадинов: Нашата земја трпи сериозни последици од тоа што предолго време сме без функционален Парламент

Костадинов: Кочоска по налог на Мицкоски кочи поддршка од 90 милиони евра од Светската банка
Ss2

 

Скопје, 2 јуни 2020 

П: Дали СДСМ е подготвена да оди на избори на петти јули без согласност од ВМРО-ДПМНЕ или се прават некакви обиди за обновување на каналот за комуникација?

300x250 (7)

Ситуацијата во којашто се наоѓаме не се закана само за здравјето на граѓаните, секако тоа претставува закана и за уставно-правниот поредок во државата. Секој што не сака да се соочи со таа реалност е неодговорен и не сака да го прифати фактот дека нашата земја трпи сериозни последици од тоа што предолго време сме без функционален Парламент. Ние длабоко навлеговме во зоната на критични рокови што многу лесно може да се случи да немаме избори ниту во редовниот термин во декември. Никој не може да предвиди што може да се случ наесен. Оттука, прашањето дали ќе има избори на 5 јули не е прашање на политички преговори, натегања и исполнувања на нечии желби, туку уставна и законска обврска, зошто? затоа што справувањето со коронавирусот, носењето на мерки за заштита на здравјето на граѓаните и за економијата, можат да бидат обезбедени исклучиво со инстутуции коишто ќе имаат полн капацитет и легитимитет даден од граѓаните. Јас знам дека одржување на избори во еден ваков период е предизвик, но верувам дека се единствена алатка во една функционална парламентарна демократија за надминување на проблемите со коишто се соочуваме. Оттука, заклучокот е дека изборите во овој период се единствено решеније, а не проблем.

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт