Утрински Весник
Македонија

Косовски полицајци на 26 март во Скопје

Косовски полицајци на 26 март во Скопје

Тетово, 7 март 2020 (МИА) – Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово. Таа истакна и дека се очекува испорака на нови пасоши.

– Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март, изјави Славјанка Петровска од Теарце.

За проблемите со набавка на пасошите, Петровска потенцира дека се уште се работи на отстранување на застојот во издавањето.

-Во координација сме со компанијата која врши испорака и очекуваме да бидеме известени за денот на испорака, рече дополнителната заменик министерка.

На новинарско прашање истакна дека иако се двајцата на подрачје на СВР Тетово, се координирани и известени меѓусебе со министерот Наќе Чулев. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ