Утрински Весник
Свет

Косово воведе полициски час во неколку општини

Косово воведе полициски час во неколку општини

Kосовската влада одобри нови мерки во борбата против ширењето на коронавирусот, со што утре по 19 часот ќе се воведе полициски час во Приштина и во уште шест други општини.

Новите мерки, презентирани од премиерот Авдулах Хоти, ги дефинираат карантинот и дозволената работа на угостителскиот сектор, во зависност од зоните во кои се наоѓаат општините.

Економските активности ќе бидат дозволени во зависност од проценетата зона на ризик во која се наоѓа одредена општина, пренесува „Косово онлајн“

Општините се поделени во три различни зони, според бројот на заразени: црвената зона со висок ризик, жолтата зона со среден ризик и зелената зона со најмал ризик.

Приштина е во црвената зона.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници