Утрински Весник
Магазин

Кортни Кардашјан сподели фотографии од венчавката со Тревис Баркер

Кортни Кардашјан сподели фотографии од венчавката со Тревис Баркер

По веста дека Кортни Кардашјан и Тревис Баркер се венчаа во Лас Вегас по доделувањето на наградите „Греми“, Кортни на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од церемонијата.

„Еднаш одамна во една земја далеку… (Лас Вегас) во два часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот убав крал се охрабрија и отидоа во единствената отворена капела со Елвис и се венчаа без дозвола“, напиша таа.

Кортни објави 10 фотографии од церемонијата, на кои таа и Тревис носат црни кожени јакни во капела за венчавање, а имитатор на Елвис ги прогласува за маж и жена.

Извори блиски до парот рекоа дека ќе следат неколку свадбени прослави со многу помпа.

Кардашјан и Баркер се свршија на плажа во октомври 2021 година по врска од речиси девет месеци. Тапанарот ја побара за жена во хотелот Rosewood Miramar Beach опкружен со црвени рози и бели свеќи.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите