Утрински Весник
Економија

Корона кризата ќе ја преживеат само 10 производители на автомобили

Корона кризата ќе ја преживеат само 10 производители на автомобили

Виена, 17 јуни 2020 (МИА)  – Кризата со коронавирусот ќе придонесе за забрзување на „природната селекција“ и на светскиот пазар ќе преживеат само 10 производители на автомобили, смета консултантската компанија „Аликс Партнерс“.

Истражувањето на оваа консултантска куќа тргнува од фактот дека годинава продажбата на автомобили ќе биде за 20 милиони под минатогодишното ниво, односно како преку ноќ да исчезне пазар со големина на Европа.

Заздравувањето од кризата ќе трае, според „Аликс Партнерс“, неколку години, а последиците од „дарвинизмот“ во оваа индустрија ќе бидат дека само финансиски силните и иновативни производители и добавувачи ќе го преживеат претстојното чистење на пазарот.

Директорот за автомобилскиот сектор во „Аликс Партнерс“, Елмар Кадес, во интервју за ДПА изјави дека бројот на производители на автомобили може да се намали на десет.

Според него, германските производители припаѓаат на групата производители што ќе преживеат, иако имаат проблеми со преминот на електричен погон и софтвер, но, напомена дека, тие се доволно силни за да успеат.

Тој посочи дека со години опаѓа профитот на автомобилските компании, како резултат на инвестициите во нови технологии, и дека корона кризата само дополнително го забрза овој натамошен пад.

-Автомобилската индустрија, генерално, годинава нема да може да оствари профит, процени Кадес.

Тој изјави дека со намалувањето од 21 на 14 милиони продадени возила во Европа е забележен најголемиот пад и дека нивото пред кризата најверојатно ќе се постигне дури по пет години. сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена