Утрински Весник
Македонија

Корона кризата нема да го откаже воведувањето на видео-надзорот на автопатот на Коридор 10

Avtopat elektronska signalizacija

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да ја откаже реализацијата на проектот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат пролонгирање на објавата на тендерот за избор на изведувач, па така наместо кон средината на годинава, тој ќе биде објавен до крајот на 2020 година. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во моментов се подготвува тендерската документација за овој проект.

– Во тек на втората половина на 2020 година се планира да се ангажира Консултант за имплементација на соодветните ЕУ директиви и подготовка на стратегија за одржување на ИТС опремата – посочуваат од Министерството за транспорт и врски.

Интелигентниот транспортен систем предвидува инсталирање на камери за видео-надзор долж автопатот, метеоролошки станици, електронски знаци и СОС телефони на автопатот од Табановце до Гевгелија. Проектот вреден 18,6 милиони евра треба да им овозможи на возачите во реално време да се информираат за временските услови на патот, евентуалните ограничувања на брзината на движење и прекините во сообраќајот.

Преку двата контролни центри на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец и Неготино деноноќно ќе може да се мониторира сообраќајот и временските услови на патот, но и брзо да се дејствува во случај на појава на вонредни настани на автопатот. Главната цел на идниот комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот е да се зголеми безбедноста на сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици на Коридорот 10.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”