Утрински Весник
Македонија

„Корона дијалози“ онлајн на УКЛО-Битола

„Корона дијалози“ онлајн на УКЛО-Битола

Битола, 5 мај 2020 (МИА)Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола почнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз повеќе процеси во општеството.

Првата тема е посветена на влијанието на пандемијата врз високото образование, а ќе учествуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорите на јавните универзитети во Скопје, Битола и Штип –  Никола Јанкуловски, Сашо Коруновски и Мишко Џидров, и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Абдулменаф Беџети.

Корона онлајн дијалозите се отворени за учество и дискусија, а ќе ги модерира проректорот на Битолскиот универзитет, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Првата активност е закажана и ќе се одржи утревечер, информираат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?