Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Коронавирусот закана и за Лигата на нации и за ЕП

Коронавирусот закана и за Лигата на нации и за ЕП
300x250 opst2

Амстердам, 2 март (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се иззема како надлежна за претстојните мечеви во Лигата на нации овој месец. На состанокот на Извршниот одбор во Амстердам се донесоа неколку одлуки, меѓу кои и за домаќини на финалето во Лигата на Европа во 2022 и на Суперкупот во 2022 и во 2023 година, се разговараше и за опасноста од коронавирус и колку ширењето на болеста може да се одрази врз мартовските термини за репрезентативни активности, па дури за Европското првенство на лето.
Според челните луѓе на УЕФА, конечниот збор го имаа државите и нивните здравствени власти, а не Европската федерација.
– Во контакт сме со локалните власти и ќе постапиме онака како ќе наложат. Ние тука сме немоќни, во раце сме на стручњаци за вакви ситуации, изјави портпаролот на УЕФА.
Тој нагласи дека УЕФА е во постојана комуникација и со Светската здравствена организација и властите во државите што треба да ги организираат натпреварите.
Плејоф натпреварите за пласман на ЕП 2020 се закажани на 26 и 31 март. Македонската репрезентација во полуфиналето во Д дивизија е домаќин на Косово, а во финалето ќе гостува кај победникот од мечот меѓу Белорусија и Грузија. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај