Утрински Весник
Свет

Коронавирусот дивее во Холандија, скок од 500 проценти на новозаразени во споредба со минатата недела

Коронавирусот дивее во Холандија, скок од 500 проценти на новозаразени во споредба со минатата недела

Државниот завод за здравство на Холандија денеска објави дека бројот на заразени со коронавирус во таа земја скокнал за 500 проценти во споредба со претходната недела.

Зголемувањето на бројот на инфекции уследи по укинувањето на скоро сите преостанати ограничувања и отворањето на ноќните клубови на крајот на јуни.

Податоците од институтот покажуваат дека близу 52.000 луѓе биле тестирани позитивни на Ковид-19 во изминатите седум дена.

Холандија и другите европски земји се соочуваат со зголемување на бројот на инфекции предизвикани од многу заразниот делта-вирус, во време кога владите се надеваа дека ќе можат значително да ги ублажат или укинат преостанатите ограничувања на пандемијата во текот на летната сезона.

Холандскиот институт за јавно здравје објави дека инфекциите покажуваат дека 37% од новозаразените се случиле во угостителски објект, бар или клуб, пишуваат медиумите.

Холандија повторно ги заостри мерките за барови, ресторани и ноќни клубови во петокот во обид да се спречи зголемувањето на инфекциите кај младите, само две недели откако беа укинати повеќето ограничувања во земјата, кога случаите се намалија.

Вршителот на должноста премиер Марк Руте во понеделникот призна дека мерките против коронавирусот се укинати предвреме во Холандија, рече дека тоа е резултат на „погрешна проценка“ и се извини за тоа.

Повеќе од 46 проценти од возрасните Холанѓани биле целосно вакцинирани, а најмалку 77 проценти примиле барем една доза.

Други земји, исто така, се обидуваат да ги забрзаат вакцинациите со надеж дека ќе го запрат ширењето на заразниот делта-сој на коронавирус.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата