Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Коронавирусот го суспендираше фудбалот во Аргентина

Коронавирусот го суспендираше фудбалот во Аргентина
300x250 opst2

Аргентина го суспендираше фудбалот во наредните девет дена, откако владата донесе одлука да прогласи лок даун, поради пандемијата на коронавирусот. Суспензијата на фудбалот нема да важи за натпреварите кои ќе се играат во Копа Либертадорес.

Аргентина, дневно бележи околу 35.000 новозаразени со вирусот Ковид-19. Досега починале 73.000 луѓе.

Затворањето на регионите, каде ситуацијата е критична се очекува да трае до 31.мај.

„Во овој момент нашата земја мора да се обиде да ја контролира оваа вознемирувачка пандемија, која сите не погоди. Сојузот и фудбалот мора да ги следат насоките на владата, поради тоа ги суспендираме фудбалските активности во наредните девет дена“, се вели во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

Суспензијата на фудбалот во Аргентина се случува на само три недели пред почетокот на Копа Америка. Аргентина е подготвена сама да го организира ова натпреварување, откако КОНМЕБОЛ и го одзеде домаќинството на Колумбија, поради протестите против претседателот Иван Дуке, траат од 28.април.

Копа Америка ќе започне на 13.јуни.

> Коронавирусот го суспендираше фудбалот во Аргентина <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион