Утрински Весник
Спорт

Коронавирусот ги влошува работите за Роналдињо

Коронавирусот ги влошува работите за Роналдињо

Асунсион, 19 март 2020 (МИА) – Ситуацијата на фудбалска легенда и миленик на неколку генерации – Роналдињо, може да се влоши понатаму и да не се развие во најдобро сценарио. Причината за ова е … коронавирусот, што секако не влијае негативно само на Бразилецот.

Излезе дека поради КОВИД-19, клучен сведок во случајот против Роналдињо и неговиот брат не може да пристигне во Парагвај. Првично, на фудбалската легенда му беше забрането привремено пуштање, затоа што беше решено дека може да избега.

Ситуацијата сега се влошува бидејќи Далија Лопез, деловната жена која беше вклучена во организирање на патувањето за Роналдињо и неговиот брат во Парагвај, не се појави на суд.

Нејзиниот адвокат ова го припишува на фактот дека имала висок крвен притисок и дијабетес од втори степен, што ја прави потенцијална жртва на коронавирусот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката