Утрински Весник
Економија

Коронавирусот во Италија закана за македонската чевларска индустрија

Коронавирусот во Италија закана за македонската чевларска индустрија

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Коронавирусот во Италија ќе погоди и дел од македонското стопанство. Посебно на удар ќе биде чевларската индустрија, а не е исклучено и голем дел од кумановските компании да се затворат, вели претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија Ангел Димитров.

Според Димитров, веќе е затворен голем дел од северот на Италија каде се извезуваат македонски чевли, а алтернативен пазар за пласман засега нема.

-Наш најголем партнер во однос на призводството на облека е Германија и таму немаме проблеми, но во Италија, баш во делот каде сега се шири коронавирусот, имаме многу компании кои соработуваат со кожарската индустрија, рече Димитров денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!

Најмладиот милионер во Македонија има само четири години, најстариот 97