Утрински Весник
Економија

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки електронски

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки електронски

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Македонски телеком согласно уредбата на Владата за примена на електронски фактури ќе избегне изготвување достава на фактури во хартиена форма и ќе поттикне електронско плаќање од дома. 

Од компанијата ги информираат корисниците на мобилни усуги и  Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за март преку SMS порака.  Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.

На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, како што наведуваат, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.

 Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, стои во соопштението, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.

Посочуваат дека дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.скс/дма/

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен