Утрински Весник
Спорт

Копија од првиот договор на Џордан со Булси продаден за 57.000 долари

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
300x250 (7)

Неверојатно порасна интересот за дел од сувенирите поврзани со легендата Мајкл Џордан откако беше емитуван серијалот од 10 епизоди „The Last Dance”.

Најновиот доказ е извесен купувач кој за фотокопија од првиот договор на Џордан во НБА лигата со Чикаго Булс платил 57.068 американски долари. Прашање е колку истиот човек би одвоил за оригиналниот договор што на 24. септември 1984 година Џордан го потпишал со Булси и се обврзал на 7-годишна верност.

Img 5587

Интересно е и дека за еден пар патики од првата серија „Air Jordan” на аукција биле платени 379.757 долари. Во тие патики Мајкл одиграл 18 меча пред да се повреди, па откако се вратил за него биле направени патики од помодерна верзија.

> Копија од првиот договор на Џордан со Булси продаден за 57.000 долари <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро