Утрински Весник
Македонија

Копале биткоини и краделе струја – приведени неколку лица во Кисела Вода

Копале биткоини и краделе струја – приведени неколку лица во Кисела Вода

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

„Претрес е извршен на улицата „Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на улицата „Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН“, иформираат од МВР

Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд