Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Координирана хуманитарна помош во Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше

Координирана хуманитарна помош во Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше
300x250 opst2

Гостивар, 31 март 2020 (МИА) – Донациите и распределбата на хуманитарната помош на социјално загрозените семејства во Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше ќе се раководи преку совет што денеска беше формиран во Гостивар. Општинската организација на Црвениот Крст ќе ги спроведува активностите на терен.

Овој заклучок дојде по состанокот на претставниците на повеќе хуманитарни здруженија и организации која ја иницираше кризниот штаб, откако претходно беше побарано, да се воспостави ред во делењето на помош и храна.

– Благодарен сум на трудот и напорот што овие невладини организации го вложуваат во активностите и тоа е важно особено во кризно време. Заклучокот беше, дека сите нивните активности треба да се спроведуваат синхронизирано и на безбеден начин, како за нив така и за граѓаните, рече градоначалникот Арбен Таравари по состанокот.

Со советот ќе раководи невладината организација АДИ, а распределбата ќе биде координирана со Црвениот Крст, кои, како што беше кажано ги имаат потребните ресурси.

За да се обезбеди поголема сигурност и да се спречи ширењето на епидемијата, лицата кои ќе ги вршат хуманитарните активности ќе поминат и низ обука. За таа намена лекари инфектолози на практичен начин ќе им ги покажат неопходните мерки за заштита при доставата на пакетите со храна и средства за хигиена до загрозените семејства. згм/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја