Утрински Весник
Свет

Кон: Затворање во Србија од сабота во 12 часот, нови мерки против коронавирусот

Кон: Затворање во Србија од сабота во 12 часот, нови мерки против коронавирусот

Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од сабота во 12 часот, пренесуваат српските медиуми.

„Во сабота сè ќе работи до 12 часот, а до понеделник, до 6 часот наутро, ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива, рече
членот на Кризниот штаб, Предраг Кон и додаде дека средните училишта од понеделник ќе бидат префрлени на часови преку Интернет.

Тој исто така објасни дека се разгледува можноста и за часови преку Интернет за децата од основно училиште, но дека предлогот не е прифатен.

Според него театрите ќе можат да работат, закажани спортски настани може да се одржат, но без публика.

Како што наведува, во понеделник, сè ќе работи како и пред мерките донесени на денешната седница.

На прашањето дали следните два дена ќе имаат ефект, Кон вели – „Мислам, но нема да биде доволно“.

Тој додаде дека „единственото на што се потпираме е имунизацијата“ и нагласи дека имунитетот од вакцината е поголем од оној после болеста.

Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, рече Кон, додаде дека не сака да зборува за тоа што било зад вратите на состанокот.

„Сосема е сигурно дека имало размена и на енергични мислења. Резултатот е дека го имаме она што го пренесувам сега. Вторник е продолжение. Долгото затворање е тешка опција за Србија. Исто така е невозможно да не се реагира кога има зголемена активност на вирусот “, додава тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk