Утрински Весник
Свет

Кон: Белград сега е бомба, подобро да воведеме полициски час

Кон: Белград сега е бомба, подобро да воведеме полициски час

Главниот српски епидемиолог, Предраг Кон изјави дека мора да се спречи вирусот и дека било полесно кога биле на сила вонредната состојба и рестриктивните мерки.

Тој во емисијата „Фокус“ на телевизијата Б92, нагласи дека луѓето мора да сфатат дека долга е борбата што претстои.

„ Повторно во еден момент кога се укина вонредната состојба дојде до сфаќање дека се е завршено, тоа е една голема грешка која ќе остане историски забележана“ заклучува Кон.

Тој ги наведе сите настани кои биле организирани во меѓувреме и оцени дека нема никој кој се прославил во сфаќањето на тие мерки.

„ Се очекуваше дека топлото време ќе го намали тој пренос, кој стана експлозивен. Дојде до суперпренос на вирусот, таму каде што се скандира, гласно извикува, каде што има препотување, испарување, таму постои аероген пренос“ објаснува Кон.

Што се однесува пак до преносот на коронавирусот преку воздухот, Кон вели дека ако сте близу на оддалеченост помала од еден метар и на отворен простор, не е возможно преку аероген и капличен пренос да се пренесе вирусот.

„ Кога некој носи маска, а оној кој е заразен не носи, јас сум заштитен само 30 отсто. Ако не ја носам маската, а заразениот ја носи, јас сум заштитен 95 отсто, а ако сите носиме маски тогаш сме заштитени 99 отсто. Ние сега имаме толку многу застапен вирус, можеме да помислиме дека секој бил во контакт. Тој би требало да биде во самоизолација. Ако сите бидеме во самоизолација, тогаш е подобро да воведеме полициски час“ предлага Кон.

Тој повтори дека се воведени нови мерки за задолжително носење маска секаде во Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија