Утрински Весник
Култура

Концерт „Скопје Виа Созопол“ на Брасстет Скопје

Концерт „Скопје Виа Созопол“ на Брасстет Скопје

Утре, со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатар, стар град Созопол, во рамки на Меѓународниот Франкофонски Фестивал „Солеј“ ќе се одржи концерт „Скопје виа Созопол“ на БРАССТЕТ СКОПJE ( Александар Златески – труба, Диме Танчев – труба, Горан Илијевски – баритон, Енис Мехмедов – тромбон, Мицко Дамњановски – туба, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти).

На програмата ќе бидат застапени дела од Нино Рота, Карлос Гардел, Анхел Виљолдо, Сони Компанек, М. Родригес, Астор Пијацола, Освалдо Фарес, Консуело Веласкез, Луис Бонфо.

„Брасстет Скопје е нов (2019), но одличен брас состав од Македонија. Составен од одлични музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе пробаат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Претежно свират музика прилагодена (аранжирана) за брас квинтет со додадени ударни инструменти. Тенденцијата е да се „избегне“ стереотипна програма за ваков состав и да се доближи популарната музика (вклучувајќи и филмска музика и популарната класика) до публиката“, велат од КИЦ.

Секогаш се обидуваат да имаат настапи на отворени сцени концерти во паркови, на плоштади и други места на кои не можете многу често да слушнете концерт. Така всушност и почна приказната на Брасстет Скопје. Првиот концерт се случи на почетокот на летото на фестивалот Скопско Лето 2019 – Концерт на плоштадот Јадран. Продолжи на завршувањето на летото преку концерт на фестивалот Звуците на чаршијата со концерт во скопската чаршија. Но, во 2020-та следуваат серија концерти на повеќе затворени концертни сцени низ Македонија (Скопје, Кочани, Кавадарци, Неготино).

Како приоритетна програма од таму ги издвојуваат популарната класика, компилации од филмска музика, евергрин теми и поп теми од повеќе жанрови.

Текстот Концерт „Скопје Виа Созопол“ на Брасстет Скопје е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“