Утрински Весник
Македонија

Концерт по повод Денот на Европа во организација на СЕП

Сè погласни ставовите дека на Северна Македонија треба да ѝ се одобри безусловен почеток на преговорите, Софија со поддршка, но со услов

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – По повод Денот на Европа 9 Мај, Секретаријатот за Европски прашања вечерва организира мини концерт на кој ќе настапат БРАС квинтетот на Филхармонијата и Градскиот дувачки оркестар, на плоштадот „Мајка Тереза“ во 20 часот.

На настанот, покрај вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава за членство во ЕУ, Бујар Османи, свое обраќање ќе има и амбасадорката на земјата – претседавач со ЕУ, Хрватска Нивес Тигањ, како и присуство на други дипломатски претставници.

– Деветти мај, денот на победата над фашизмот воедно е и Ден на Европа и Европската Унија, со што претставува и еден од најважните денови, патрон на Секретаријатот за европски прашања. Оваа година, Република Северна Македонија за прв пат го одбележува Денот на Европа како земја – преговарач, т.е. земја за која Европската Унија донесе одлука за почеток на преговорите, стои во соопштението на СЕП.

Со оглед на мерките за ограничена социјализација и собирање во групи, настанот ќе се одржи без публика, но соодветно ќе биде пренесуван на социјалните мрежи и Фејсбук каналите на СЕП. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна