Утрински Весник
Култура

Концерт на кваретот „Куарем“ во малата сала на Филхармонија

Концерт на кваретот „Куарем“ во малата сала на Филхармонија

Квартетот „Куарем“ (Франција, Аргентина, Куба и Реунион) на 21 октомври (среда) во 20 часот ќе одржи концерт во Малата сала на Филхармонија.

Квартетот „Куарем“ е невообичаен гудачки квартет формиран од виолинистите Родриго Бауса и Федерико Натан, виолистот Оливие Самуилан и виолончелистот Гијом Латил. Четворицата музичари имаат различна музичка заднина и искуство и како изведувачи и како композитори.

Родриго Бауса и Фредерико Натан се запознаваат уште како студенти во Уругвај во 2002 година, и остануваат во контакт, иако по студиите се селат во различни градови во Европа. Двајцата делат интерес кон класичната и кон популарната музика. Откако се запознаваат со францускиот челист Гијом Латил и виолистот Оливие Самуилан, во 2013 година го формираа квартетот „Куарем“.

За овој невообичаен ансамбл, диверзитетот на секого од четворицата музичари е неисцрпен извор на инспирација во контекст на композицијата, импровизацијата, ритамот и експресијата. Во новиот проект „Danzas”, квартетот „Куарем“ создава целосно оригинален репертоар инспириран од традиционалната музика за танц од Аргентина, Франција, Реунион и Куба. Елоквентноста на квартетот, како и неговата исклучителна техника на импровизација, потхранета од јазикот на џезот, се среќаваат на едно место и создаваат универзално музичко наследство. Секоја од композиците ги инспирира членовите на квартетот да нурнат во сосема нова област за истражување.

Во овој проект на квартетот „Куарем“ им се приклучува и извонредната перкусионистка Наташа Роџерс.

Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на телефонскиот број 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на нашата интернет-странцата на Филхармонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“