Во фоајето на Националната опера и балет, во понеделник (11 април) со почеток од 20 часот, ќе биде одржан концерт на женскиот хор „Про Арс“, во рамки на 45. Денови на македонска музика.
На концертот, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, а диригент ќе биде Сашо Татарчевски.
Вокалистките ќе ја претстават македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации.
Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ужива во креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски.
Влезот за настанот е бесплатен.
Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа што укажа на недостатокот од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во Македонија.
Текстот Концерт на женскиот хор „Про Арс“ во рамки на Деновите на македонска музика е превземен од МАКФАКС.