После концертот на Амира Медуњанин, Aвалон Продукција најавува концерт на Дарко Рундек во Античкиот театар во Охрид, на 15-ти август.
Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.
Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.
Влезниците ќе можат да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.