Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, се главна тема во италијанските медиуми, по синоќешниот полу-финален реванш во Купот на Италија. Јувентус и Интер ремизираа без голови, а благодарение на победата во првиот меч од 2:1, во финалето ќе игра Јувентус.
По завршувањето на мечот, Конте го покажа средниот прст, кон делот каде седат челниците на Јувентус. Претпоставка е дека „поздравот“ бил наменет за претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Ањели не му останал должен.
„Е.и се и молчи шупак еден“.
„Газета дело Спорт“, пишува дека потоа во тунелот, паднале тешки зборови од двете страни, а овој извор открива дека по завршувањето на првото полувреме, вербална расправија имале директорот на Јувентус, Фабио Паратичи и тим менаџерот на Интер, Лео Оријали.
Конте, потоа на новинарите, им ја раскажал својата верзија.
„Јувентус треба да ја кажат вистината. Мислам дека четвртиот судија, слушна се што зборуваа во текот на мечот. Од Јувентус треба да бидат културни. Мора да покажат почит кон луѓето кои си ја вршат својата работа“, рекол Конте за „РАИ“.
Quite a moment at the end of Juventus-Inter when Juventus president Andrea Agnelli screams towards Inter bench where Antonio Conte is:
“Fu** off shut up a**hole”#inclusion pic.twitter.com/kK2fLkQOWN
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 9, 2021
> Конте: Јувентус не се културни, треба да покажат почит кон оние кои работат <