Прес конференцијата на Антонио Конте, тренерот на Интер, по поразот од Севилја во финалето на Лига Европа е тема на денот во италијанските медиуми. На медиумите не им е јасно дали Конте најавил заминување од Интер, иако во последниот дел од своето обраќање тој демантира таква можност.
Интер загуби од Севилја со 3:2, со авто-голот на Ромелу Лукаку во 75 минута.
„Тежок меч во второто полувреме еден потег го реши победникот, Имавме шанса, на крајот пресуди несреќниот авто-гол на Лукаку. Сепак играчите напорно работеа во текот на целата сезона, многу напредуваа. Стигнаа до финалето во Лига Европа, на многумина тоа им беше прво европско искуство“, рекол Конте и дополнил.
„Беше преубаво да се биде тренер на Интер сакам да им се заблагодарам на сопствениците што ми го овозможија ова“.
По оваа изјава Конте самиот се демантирал.
„Ќе ја разгледаме ситуацијата, без расправии, бидејќи секогаш ќе бидам благодарен за годината што ја минав тука. Ако мислите дека ќе заминам, нема да се случи тоа. Го кажав она што го мислам“.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Масимилијано Алегри би можел да го наследи Конте во Интер.
> Конте најави заминување па самиот се демантираше <