Утрински Весник
Спорт

„Конте-бол“ е лекот за тактиките на Пеп Гвардиола!

„Конте-бол“ е лекот за тактиките на Пеп Гвардиола!

Тотенхем во саботата малку ја видоа топката при 3:2 победата над шампионот Манчестер сити на „Етихад“, но тактиката на Пеп Гвардиола беше „задушена“ од фантастичниот план за контра-фудбал на Антонио Конте, објаснува порталот „Goal.com“ во анализата на тактиката која може да донесе крај на доминацијата на „граѓаните“.

Саутемптон покрај Тотенхем успеа да му откине поени на тимот на Гвардиола со едноставна тактика – опкружи го Родри за да спречиш Сити да градат акции во последната третина од теренот, но планот на Антонио Конте беше поинаков, и некои може да научат од него.

ТЕСНА 5-4-1 ТАКТИКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

Кога Спарс ја немаа топката, стратегијата беше едноставна. Со 5-4-1 формација, Конте беше задоволен да има 28 отсто од поседот на топката и да седи „длабоко“ и тесно на својата половина за фрустрација на Сити. Сметајќи дека играта на Сити ќе биде успорена, поседот на топката далеку од пеналтикот не зачи многу. Покрај тоа, неговите играчи беа ретко пошироко од шестнаесетникот, со што немаше простор меѓу централиот бек и фул-бекот, каде што Гвардиола бара простор од своите играчи беа пополнети.

Имаше моменти, посебно во првото полувреме, кога Сити беа опасни на левата страна, посебно бидејќи таму беше само Родриго Бентанкур со пресинг, но и бидејќи Кулушевски и Емерсон Ројал се најслабите дефанзивци а тимот.

Проблемот на Сити беше ист како против Саутемптон – без централен напаѓач да истрча во шестнаеетикот, немаше кој да ја добие топката. Кевин де Брујне стоеше од десната страна опкружен со дефанзивци на Спарс, а Фил Фоден беше безопасе во нападот.

КОНТРАНАПАДИТЕ СО ЦЕЛ РОДРИ

Дека Сити е најдобро да се нападне со контранапади за да се дојде зад високата задна линија е добро познато, но малкумина успеваат во тоа, бидејќи Сити играат пресинг кога ќе ја загубат топката и шансата бргу исчезнува.

Тотенхем, сепак, беа постојана закана поради прецизноста на движењата на три точки (кои како што Хери Кејн призна биле вежбани на тренинг). Затоа тие додаваа пред Сити да направи пресинг. Родри, како единствен во основата на средиот ред, Конте им порача на своите играчи да одат околу Шпанецот.

Кејн беше постојана мета за топките од неговите соиграчи, а Кулушевски и Хеунг-Мин Сон трчаа одзади, предизвикувајќи враќање назад на Сити, дестабилизација на формата на игра и шаси за Тотенхем. Ова беше повторувано во текот на целиот натпревар и Гвардиола немаше одговор.

КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОВТОРИ ОВА?

Иако тактиката е едноставна во теорија, малку тимови имаат дефанзивно тренирање како Конте и напаѓач како Кејн. Манчестер јунајтед со Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, и секако Кристијано Роналдо може да го копираат системот, но и Вулверхемптон со фантастичната одбрана и Раул Хименез и Даниел Поденс напред. Исто така, Вест хем, кои имаат напаѓачи кои можат да создадат проблеми како Мајкл Антонио и Џерод Боуен може да бидат „цврст орев“ за Гвардиола.

> „Конте-бол“ е лекот за тактиките на Пеп Гвардиола! <

Можете да прочитате

ЛШ: Рудигер го спаси Реал Мадрид, потоп на Динамо Загреб во Минхен

Астон Вила и Јувентус со стартни победи во ЛШ (ВИДЕО)

Олимпијакос ја надигра Струмица во првиот меч од ЛШ