Утрински Весник
Свет

Конституиран новиот српски парламент

Конституиран новиот српски парламент
Ss2

Со полагање заклетва на народните пратеници, конституиран е новиот парламент во Србија.

Со седницата претседаваше најстарата, 91 годишна пратеничка Смилја Тишма, а седницата се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус.

Img 5587

Според резултатите од изборите, листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на Српската напредна партија има 188 пратеници, листата на Социјалистичката партија на Србија и Единствена Србија има 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ има 11 пратеници. Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија.

Со тоа, почна рокот од 90 дена за формирање на новата српска Влада, која се очекува да биде формирана до крајот на овој месец.

Пред парламентот имаше протест организирани од движењето „Доста Беше“, кој се случуваше додека траеше седницата.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема