Утрински Весник
Култура

Конкурс на ДПМ за најдобра песна и најдобар есеј

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“.

На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.

Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адреса: улица Максим Горки, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата: drustvonapisateli@gmail.com најдоцна до 15 јуни 2022 година.

Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително објавен.

Од ДПМ напоменуваат дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност.

 

 

Текстот Конкурс на ДПМ за најдобра песна и најдобар есеј е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“