Утрински Весник
Култура

Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ распишува конкурс за доделување на признанието во 2022 година.

Со оваа државна награда се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

„Државната награда, под условите определени во Конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.

На секој член од наградена група творци или екипа му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ.

На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Мајка Тереза“ изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци од тековната година.

Државната награда „Мајка Тереза“ се доделува, по правило, секоја година.

Во една година може да се доделат најмногу две награди.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица и број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето, како и соодветна документација со која би се потврдиле податоците.

Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1) примерок.

Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, Република Северна Македонија.

Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2022 годинa.

Некомплетните иницијативи и иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием на Конкурсов нема да бидат разгледувани“, се наведува во соопштението за конкурсот.

Текстот Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“