Утрински Весник
Свет

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола

Конго прогласи крај на 11. епидемија на ебола, овој пат во западната провинција Екватор, скоро шест месеци по пријавувањето на случаите. Ова е првпат Конго да немa ебола во период од околу две и пол години, објави АП.

Министерот за здравство, д-р Етјен Лонгондо, заедно со Светската здравствена организација, ја објави официјалната декларација дека нема да има нови случаи повеќе од 48 дена.

Според СЗО и Министерството за здравство, евидентирани се над 55 смртни случаи, 119 потврдени случаи, додека 75 лица оздравеле од прогласувањето на епидемијата на 1 јуни.

Лонгондо го повика населението да биде внимателно и да продолжи да ги почитува хигиенските мерки со цел да се избегне оживување на еболата, но и да се спречи ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“