Утрински Весник
Свет

Конашенков: Погодивме воени цели во Лавов со крстосувачки ракети

Конашенков: Погодивме воени цели во Лавов со крстосувачки ракети

Руското Министерство за одбрана го објави вчерашниот ракетен напад врз Лавов, град на крајниот запад на Украина.

Русите рекоа дека „погодиле воени цели во Лавов со прецизни крстосувачки ракети“. Министерството наведува дека бил погоден магацинот за гориво кај Лавов, кој го користела украинската армија. Покрај тоа, тие тврдат дека удриле во фабрика во Лавов каде што Украинците ги поправале своите системи за противвоздушна одбрана, радари и нишани на тенкови.

„ Вооружените сили на Руската Федерација ќе продолжат со офанзивните операции во согласност со специјалната воена операција“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Во соопштението на руското министерство се наведува и дека ракетите со долг дострел истрелани од морето го уништиле арсеналот ракети С-300 и системот за воздушна одбрана БУК во близина на Киев.

Руските сили уништиле и неколку беспилотни летала, тврди министерството.

Можете да прочитате

Трамп: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат

Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина, изјави Трамп по состанокот во Алјаска

Путин им оддаде почит на советските пилоти на гробиштата во Енкориџ