Утрински Весник
Свет

Конашенков: Повеќето платеници во Украина се елиминирани

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.

„Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа во воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чии состав имало платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штеделе странците“, рече Конашенков, а пренесува „Спутник“.

Тој изјави дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушно-вселенски сили погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.

Можете да прочитате

Белгија испраќа 200 војници во Литванија за мисија на НАТО близу руската граница

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците

САД: Отпуштена обвинителката која ги гонеше Гислејн Максвел и Диди Комбс