Утрински Весник
Свет

Конашенков: Во Украина има околу 200 хрватски платеници

Конашенков: Во Украина има околу 200 хрватски платеници
Dik 300x250 mk

Околу 200 платеници од Хрватска му се приклучија на баталјонот на националистите во Украина, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Само минатата недела преку Полска пристигнаа околу 200 платеници од Хрватска и се приклучија на еден од баталјоните во југоисточна Украина“,  рече Конашенков.

Додаде дека секој странец „треба да размисли седум пати“ пред да се приклучи на украинската армија, бидејќи Русија ќе го смета за „казнено одговорен доколку биде фатен“.

Военото аташе на Хрватската амбасада во Москва денеска бил повикан на разговор во руското Министерство за одбрана, при што му било кажано дека руската страна била запознаена со доаѓањето на платениците, додаде Конашенков, пренесе ТАСС.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил