Утрински Весник
Свет

Компанијата на Безос сака во април да ги испрати првите патници во вселената

Компанијата на Безос сака во април да ги испрати првите патници во вселената

Компанијата „Блу ориџин“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, сака во април да ги поведе првите патници на лет со своето вселенско летало „Њу шепард“, објави „Си-ен-би-ес“, пренесува „Ројтерс“.

„Блу ориџин“ го заврши четиринаесеттиот тест лет на ракетата „Њу шепард“ и капсулата без патници и тоа е еден од последните преостанати чекори пред компанијата да го испрати својот прв екипаж во вселената, се вели во извештајот.

Безос е основач на авиокомпанијата „Блу ориџин“, која развива вселенски летала за комерцијално патување до Месечината.

На прашањето на Ројтерс да го коментира извештајот, портпарол на „Блу Ориџин“ рече дека тоа се гласини и шпекулации – не се потврдени.

Во извештајот на „Си-ен-би-ес“ се наведува дека „Блу Ориџин“ планира втор тест лет во рок од шест недели или кон крајот на февруари и прв лет со екипаж шест недели потоа, на

почетокот на април.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за преземање на островот

Шпанија со милијарда евра воена помош за Украина во 2026

Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини