Утрински Весник
Сцена

Комичарот Џон Клиз се бори со здодевноста

Џон Клиз: Трамп е неверојатна карикатура на г**нар

Лондон, 23 април 2020 (/) – Славниот британски комичар Џон Клиз им соопшти на своите обожаватели дека размислува да продава видеопораки од себеси во изолација – една за 250 фунти. Сѐ тоа, затоа што му се намалени приходите.

Секако, станува збор за шега.

– Јас сум Џон Клиз… Или барем бев, пред смртта. И откога умрев, јас веќе воопшто не добивам понуди за работа, па мора да ги правам овие куси видеа, вели комичарот во едно од видеата.

Клиз (80) е во изолација со својата ќерка Камила.

– Можам да им праќам пораки на вашите сакани. Можам да бидам мил и сладок, и нежен, ако сакате… Ама за тоа наплаќам повеќе, зашто е здодевно, да го е**м!, доде Клиз.

Комичарот користи Твитер од 2007 година и таму има над пет милиони следачи, но Инстаграм не користел до оваа година. Објаснува дека изолацијата и здодевноста го натерале на тоа.

– Можам да испраќам и закани и навреди, само пратете ми пари!, додаде Клиз.  си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка