Утрински Весник
Македонија

Комисијата предлага укинување на сертификатите за влез во трговските центри

Комисијата предлага укинување на сертификатите за влез во трговските центри

Комисијата за заразни болести предложи Владата да ја укине мерка за барање сертификат за примени вакцини при влез во трговските центри. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски најави дека ова е чекор до целосно олабавување на мерките.

„ Еден од поважните заклучови кои ги донесовме денеска е укинувањето на сертификатите во моловите, на местата каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор до целосно олабавување на мерките. За следниот развој ќе бидеме многу внимателни, не сакаме со нагло укинување на мерките да се постигнат несакани резултати“, рече претседателот Петличковски.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ извести дека новото олабавување на мерките ќе зависи од степенот на вакцинација на населението која кај нас изнесува 40 отсто, па затоа од денес почнува кампања за вакцинација која треба да го крене процентот и да придонесе за нови олабавувања на мерките.

Можете да прочитате

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината