Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава.

Инциденцата во последните две недели е зголемена 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен 15 проценти, изјави Филипче.

„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица што се заболени, а има и лица што се вакцинирани, а заразени“, рече Филипче.

Во моментот поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните