Утрински Весник
Свет

Командант на украинскиот баталјон кој се предаде во Мариупол – стана бесмислено, останавме живи, не се каам

Командант на украинскиот баталјон кој се предаде во Мариупол – стана бесмислено, останавме живи, не се каам

Командантот на 501-от баталјон на украинските маринци Николај Бирјуков изјави дека неговата единица им се предала на руските сили во Мариупол, бидејќи, меѓу другото, локалното население е непријателски настроено кон украинската армија.

Неговата единица имаше позиција во металуршката фабрика Иљиќ во Мариупол, но се предаде на 5 април.

Во интервју за руската телевизија „Русија 1“, Бирјуков изјави дека два дена размислувал да се предаде и дека не жали што тоа било сторено, бидејќи припадниците на неговата единица преживеале.

– Стана бесмислено да се остават војници на бојното поле, рече Бирјуков.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран