Утрински Весник
Магазин

„Кока-кола“ го стопира рекламирањето на социјалните мрежи за 30 дена

„Кока-кола“ го стопира рекламирањето на социјалните мрежи за 30 дена
Ss2

Американската компанијата „Кока-кола“ го паузира целото дигитално рекламирање на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена.

„Во светот нема место за расизмот и нема место за расизмот на социјалните мрежи. Од 1 јули, компанијата „Кока-Кола“ ќе го стопира платеното рекламирање на сите платформи на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена“, се вели во соопштението на извршниот директор на компанијата „Кока-Кола“, Џејмс Квинси.

300x250 (7)

Од компанијата велат дека овој пат ќе ги преиспитаат стандардите и политиките за рекламирање, со цел да утврди дали се потребни ревизии во внатрешноста. Оттаму соопштуваат дека ќе очекуваат поголема одговорност, акција и транспарентност од нивните партнери да ги ослободат платформите од омраза, насилство и несоодветна содржина.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, исто така, најави серија промени во политиките на мрежата, кои, иако не се одговор на бојкотот, се чини дека се дизајнирани да се осврнат на критиките со кои компанијата се соочи периодов, во врска со насилните закани, говорот на омраза, како и дезинформациите објавени од претседателот Доналд Трамп, но и други контроверзни страници.

Овој потег е дел кампањата „Стоп за омраза за профит“, која започна минатата недела со популарните спортски брендови „The North Face“ и „Патагонија“. Подоцна се приклучија и брендовите „Unliever“, „Verizon“, „Hershey’s“, „Ben & Jerry’s“, „Honda“.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат