Утрински Весник
Свет

Кокаин откриен во контејнер со банани на Малта

Малтешките цариници заплениле рекордни 1,5 тони кокаин сокриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, пренесуваат медиумите во соседството. Како што пишува словенечки „Дневник.си“, големата заплена на кокаин е втора поголема заплена годинава.

Црногорската полиција на почетокот на годинава запленила пратка од 400 килограми кокаин од Еквадор, пишува словенечкиот весник.

Вредноста на дрогата, според написите, се проценува на 300 милиони евра.

Цариниците заплениле 50 кеси во кои имало 1.494 пакувања кокаин, од кои секоја тежела по еден килограм, соопштила царината на Малта. Според локалните весници, бродот го имал пристаништето „Копер“ како крајна дестинација.

Случајот го истражува нарко-полицијата на Малта пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени