Утрински Весник
Култура

„Кожурец“ – нова претстава на независната продукција Артопија

„Кожурец“ – нова претстава на независната продукција Артопија

На 11 oктомври (недела), со почеток од 20 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се одржи светска премиера на новата театарска претстава „Кожурец“ во продукција на независното здружение Артопија.
Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст  јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текстот и драматургијата се на Билјана Радиноска и Верица Недеска, а играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска- Костовска, Наташа Петровиќ.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk. Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан, задолжително е седење на позицијата означена на билетот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“