Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Ќе ги прошириме дејностите на фирмата-ќерка ФОД за подобри резултати во кризни услови

Ковачевски: Ќе ги прошириме дејностите на фирмата-ќерка ФОД за подобри резултати во кризни услови

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој, како што информираат од ЕСМ, на денешниот состонок со раководството на фабриката ги разгледуваше можностите покрај услугиште што ги пружа ФОД на РЕК Битола и на РЕК Осломеј, да преземе и други работни обврски во рамките на двата комбината, како и во другите подружници на АД ЕСМ со цел да се обезбеди повеќе работа за фабриката и да ги зголеми остварените приходи, со што ќе придонесе кон намалување на вкупните трошоците на ниво на целата компанија и остварување подобри резултати.

Исто така, на работната средба се разгледуваа и проекти за различни инвестициски зафати за проширување на капацитетите на ФОД, како и воведување современи практики за намалување на трошоците на производство и за заштеда на енергија. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ