Утрински Весник
Економија

Ковачевски ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Ковачевски ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Премиерот Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дена ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан којашто ќе се одржи во Лондон.

Ковачевски заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време на самитот, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката.

За време на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан којшто ќе се одржи во Лондон, Ковачевски е предвидено да се сретне и со високи претставници на ЕУ, како и да оствари повеќе билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Како дел од агендата на самитот, Ковачевски, заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан учесници на самитот на ЕБОР, ќе одржи средба со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон.

Во рамките на посетата на Лондон, тој и членовите на делегацијата на Северна Македонија предвидено е да остварат и други средби во организација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната просечна плата во време на ВМРО-ДПМНЕ пораснала двојно повеќе од времето кога СДСМ беше на власт

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ