Утрински Весник
Свет

Ковачевски утре во Софија на состанок со лидерите на влади на НАТО-земјите од Југоисточна Европа

Ковачевски утре во Софија на состанок со лидерите на влади на НАТО-земјите од Југоисточна Европа

На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа.

На настанот ќе присуствува премиерот Димитар Ковачевски, како и премиерите на Романија– Николае Чука и Црна Гора – Здравко Кривокапиќ, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Тројцата ќе разговараат за безбедноста, енергетиката, економијата, како и зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.

 

Можете да прочитате

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Американска републиканска сенаторка остро реагираше по изјавата на Трамп за целосна контрола на Гренланд