Утрински Весник
Македонија

Ковачевски предводи владина делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел ја предводи владината делегација во која се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат владините служби.

Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.

Можете да прочитате

Почина Кирил Слезенковски – член на ЦК на Левица

Сајбер напади и хибридни закани – новата опасност за Македонија вели Стефановски

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски