Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Очекувам уште утре да најдеме решение за покачување на минималната плата

Ковачевски: Очекувам уште утре да најдеме  решение за покачување на минималната плата

Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, пишува премиерот Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните.“ се наведува во објавата на претседателот Ковачевски“, има напишано Ковачевски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Просечната плата во ноември била 45.961 денар

Растат задолжувањата и депозитите, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Македонија и отсуството на култура на пари