Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Dik 300x250 mk

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со бугарскиот премиер, Кирил Петков во Рим.

На состанокот, како што истакна Ковачевски, присуствувале и министрите за надворешни работи од двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска кои ги информирале премиерите за текот на преговорите на ниво на шефови на дипломатиите.

„Разговорите продолжуваат со цел да се дојде до документ којшто би бил прифатлив за двете држави и ќе претставува основа за решение. Не разговаравме за нови услови од бугарска страна. Се работи за прашањата кои беа отворени и претходно. За нив постои т.н. португалски предлог кој се’ уште е основа за разговори помеѓу двете страни Дотогаш не може да се зборува за напредок во одреден дел“, изјави премиерот.

Генералната оценка на Ковачевски е дека средбата поминала во конструктивна атмосфера.

Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека со Ковачевски си ветиле оти конструктивниот дијалог ќе продолжи. Првиот човек на бугарската Влада нагласи дека дека двете земји не поставиле рокови и повика да не се подлегнува на провокации од различни групи кои се обидуваат да ги ескалираат тензиите.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи