Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ

Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и владина делегација се сретна и со претседателот на Собранието на Република Бугарија Никола Минчев.

На средбата премиерот Ковачевски го поздрави одбележувањето на 30 годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.

Ковачевски истакна дека оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство.

На средбата беше истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.

Можете да прочитате

Од петок (7 ноември) доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново